ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Во потрага по народните кујни во време на пандемија

May 6, 2020 14:22
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Народните кујни се места каде што на оние од најранливите социјални категории им се нуди бесплатен топол оброк.

Народните кујни се под надлежност на Министерството за труд и социјална политика, и најчесто во нив работат волонтери, а се финансирани не само од министерствата, туку и од хуманитарни здруженија, верски заедници и останати хумани поединци.

Во време кога владее пандемија, а условите за движење, исхрана и добивање на помош се ограничени овие кујни добиваат и поголема потреба за правилно и навремено работење.

Во обид да откриеме каде и како тие функционираат во време кога владее пандемија, а условите за движење и добивање на помош се ограничени, наидовме на повеќе проблеми.

Иако ова е информација од јавен карактер, со исклучителна важност, на официјалната страница на Министерството за труд и социјала, на страната на Центарот за социјална заштита во Скопје кој е под нивна надлежност како и на останатите социјални мрежи не може да се најде конкретен список или јасна информација каде се наоѓаат тие кујни, кое е нивното работно време, со каков капацитет работат, колку граѓани можат да услужат и слично. Се појавуваат нејасни табели, стари информации, линкови кои носат до полу реализирани проекти стари неколку години.

На интернет страната на slobodenpristap.mk во 2015 е побарана листа на народни кујни бидејќи е информација од јавен карактер, меѓутоа одговорот кој е обезбеден од страна на Министерството за труд и социјална политика е само листа на градови без конкретни адреси и работно време.

На интернет страната на data.gov.mk има список со народни кујни, меѓутоа податоците не се технички соодветни како што пишува и на самата страна, а списокот и табелите кои треба да содржат информации за народните кујни при подрачните центри за социјална работа се полупразни, пополнети со нејасни бројки и симболи.

На официјалната интернет страна на Министерството за труд и социјална политика е презентиран проект „Народни кујни” како еден од проектите од областа на социјална заштита. Според информациите, овој проект започнал во 2007 година за кој се вели дека се спроведува континуирано, и дека во тој период на територијата на Република Северна Македонија се отворени над 50 народни кујни со повеќе од 60 пунктови за делење на храна, а 3.500 лица месечно ги користат услугите на овој проект. Бидејќи на страната нема датум, единствениот линк кој е поврзан со пребарувањето на овој проект е од 2014 година на страната на daily.mk, меѓутоа таа статија повеќе не постои.

На 05.11.2008 на интернет страната на idividi.com.mk се појавува информација преземена од МИА за отворање на првата народна кујна на територија на Општина Центар, во урбаната заедница „Раде Јовчевски Корчагин” во Маџир Маало. Во оваа статија е наведено дека отвoрањето народни кујни е проект на Владата, реализиран од Министерството за труд и социјална политика во соработка со локалната самоуправа, и дека дотогаш биле отворени 33 кујни. За реализацијата на овој проект од буџетот на државата биле одвоени 48 милиони денари, а со ребалансот дополнително се обезбедиле уште 33 милиони денари. Дополнителни информации за останатите народни кујни нема.

Во 2017 година ЦИВИЛ Медиа објави статија за затворањето на две народни кујни во Куманово и Старо Нагоричане поради тоа што Центарот за социјални работи од Куманово не го продолжил договорот со фирмата која што дотогаш ја подготвувала храната, а не избрал нова фирма. Информации за повторно отвoрање на овие кујни нема.

На официјалната страна на Владата на РСМ во 2018 Фондот за иновации и технолошки развој објавил јавен повик за финансирање проекти за социјално претприемништво – „Предизвик за иновативно решение за обезбедување #ОброкЗаСите”.  На официјалната страна на Фондот за иновации и технолошки развој во поддржани проекти се наведени податоците за финансирање на тој проект со назив „Сите сити-национален систем за донирање на храна“ со грант од 1.799.955,00 денари.

На страната на „Сите сити“ има табела со информации за членови, односно граѓанските организации кои обезбедуваат храна за одредени области на кои делуваат. Како народна кујна наведена е само Црквата Св. Петар и Павле во Ѓорче Петров.

Според mkd.mk, во 2017 година ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и „Храна за сите – БХМ“ потпишале меморандум за соработка за создавање услови за заедничко делување и посветеност во борбата против сиромаштијата и гладот преку формирање на „Банка за храна“ на локално ниво.  Душко Христов, директор и финансиски менаџер на Банката за храна во интервју за ЦИВИЛ Медиа во 2018 изјавува дека најголемите препреки во нивното дејство се институционалните, бидејќи 7 години се трудат да дојдат до луѓе внатре во институциите како што се Министерството за труд и социјална политика и Министерството за земјоделие кои одлучуваат за овие проблематики. „Делот кој мора да се реши се народните кујни, бидејќи истите опфаќаат 7% од вкупната популација на кои им е потребна помош. Низ Македонија има само триесетина народни кујни и опфаќаат околу три/четири илјади корисници. Бројката на социјално загрозени семејства приматели само на социјална помош изнесува над 25.000“, вели тој.

Во обид да добиеме директна информација испративме барање по електронска пошта до МТСП за кое треба да чекаме одговор повеќе од една недела бидејќи се работи за информација од јавен карактер. Во меѓувреме, свртевме на сите телефонски броеви кои би можеле да ни дадат било каква информација како човечки ресурси, разговаравме и со претставник од Одделението за јавни и приватни установи за социјална заштита во обид да добиеме име и адреса на макар една народна кујна, но за жал сите одговори кои ги добивме беа полни со извинување поради немање доволно информации во моментот.

Се обративме и до Македонска платформа против сиромаштија, но во телефонскиот разговор нивниот претставник нé информираше дека не поседуваат информации за Народни кујни, број на бездомни лица и слични информации поврзани со оваа проблематика.

Од Црвен крст нé информираа дека имаат свој пункт во Момин Поток каде што двапати неделно служат храна и нудат лекарска помош, меѓутоа во останатите градови ваквите пунктови остануваат под раководство на општинските организации, односно под надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

На крајот ни останува да се запрашаме, ако ние како медиум во потрага по народни кујни наидовме на препреки и недостаток на информации, како луѓето на кои навистина им треба оваа помош треба да се информираат за постоењето, адресите и работното време на овие центри за поддршка, без интернет и со празен стомак?

Искра Ежова

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk