Претседателот на Владата Оливер Спасовски, на партнерите од ЕУ денеска на Самитот кој оваа година се одржува со видео-конференциј, ќе им порача дека Северна Македонија е подготвена заедно со Европската Комисија и Европскиот Совет да ја закаже првата меѓувладина конференција за да се отпочне преговарачкиот процес согласно новата методологија, информираат од Владата на Република Северна Македонија.
Самитот на ЕУ за Западен Балкан Загреб 2020 се одржува за време на пандемијата од КОВИД-19, но донесе и нешто позитивно – јасно ја покажа солидарноста на ЕУ за итна поддршка за здравствениот сектор и со финансискиот пакет за соочување со социо-економските последици, и тоа ја прави ЕУ единствена и посебна и посакуван дом и за нашите граѓани.