Утре ќе се разговара за времетраењето на полицискиот час, а в сабота за олабавување на мерките. На утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести, како што рече Филипче, нема да присуствува претседателот на државата Стево Пендаровски.
Сите вработени во градинките ќе бидат тестирани, уште се бара решение како ќе работат.
Се разгледуваат можностите за помал број часови, организирање помали групи. Ние сакаме да донесеме решение што ќе биде спроведливо, а не само да изгледа добро на хартија, како на пример, да се внимава на дистанца, а децата тоа нема да можат да го почитуваат. Бараме решение кое ќе може да се имплементира. На решението уште работат експертите. Верувам дека до понеделник тоа ќе биде готово, изјави министерот Филипче.
Димитров: Хрватското ЕУ претседателство за нас беше суштествено во политичка смисла.
Според Димитров, чувството на заедништво и солидарност што се создаде во текот на кризава со пандемијата меѓу ЕУ и Западен Балкан, неопходно е да се одржи и во пост-пандемската иднина и употреби како двигател за конечно комплетирање на ЕУ проектот, што е од несомнен заемен интерес.
Заев: Очекувам Бугарија да продолжи да ни биде искрен пријател, за Гоце Делчев да најдеме решение во духот на заедничката историја.
Заев: Според Светска банка, нашата земја најлесно ќе ја преброди оваа криза во регионот.
Уставните судии ќе донираат 20 отсто отсто од априлската плата за борба против Ковид-19.
Поддршка од 1,7 милијарда евра за социјално и економско закрепнување на ЗБ од ЕИБ.
Заев: Не негирам дека сум се видел со Јовановски, но неговите изјави се неточни. „Нема да коментирам вакви изјави, затоа што се неточни. Со секој човек со кој сум се видел сум апелирал на законито работење. Не негирам дека сум имал средба кога сум бил гостин во телевизијата, и сме коментирале одредени ситуации. Ако знам нешто дека е противзаконито, сигурно ќе му го кажам секому“, рече Заев.
Има скок на новодијагностицирани, следните денови ќе се утврдува на што се должи. Со 33-те нови случаи (Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1) со Ковид-19 во земјава, денеска имаме скок на новодијагностицирани пациенти и тоа ќе го следиме наредните денови, за да видиме дали е случајност, некаква варијација или ќе биде некаков тренд.
БЕЗ ФИЛТЕР: Спотот на Наќе Чулев е плагијат, но тоа е најмалиот проблем! (видео колумна).
Освен што е плагијат на спотот посветен на турската итна медицинска помош, спотот на Наќе Чулев е гочлив потсетник на едно мрачно време, времето на режимот на Груевски.
Во Шведска без карантин од Ковид-19 починаа повеќе од 3.000 луѓе.
И.Т.Зафировска