Димна бомба за дипломатите и новинарите. Полицајци, специјални единици, политичари, димпломатски кор, полициски и оклопни возила собрани во полицискиот дом во Ѓорче Петров да го прослават 7.Maj – Денот на полицијата. Но, не за долго…..
Петровска: Честит ден на полицијата! Видео честитка до македонската полиција од дополнителната министерка за полиција, Славјанка Петровска.
Даниловски: Земјава добро се справи со корона кризата. Епидемиолот Даниловски се надева дека денешното зголемување на бројот на новозаразени не е резултат на претерано опуштање во некои делови на земјата во минатиот период. Смета дека полицискиот час, во зависност од бројките, ќе биде релаксиран и потоа укинат.
Заев: Економијата е стабилна, мерките што беа преземени се навремени. Обезбедивме пари за да ја покриеме таа дупка во буџетот. Обезбедивме пари за првиот и вториот пакет мерки, еве се испорачува. Имаме капацитет да обезбедиме трет пакет на мерки. Тоа само укажува колку е стабилна македонската економија и колку се навремени мерките. Јас верувам дека Владата ќе има доволно храброст сите свои ресурси да ги впрегне за вбризгување пари преку приватната потрошувачка кој што ни е 65 проценти од БДП и јавната потрошувачка која што е 15 проценти, рече Заев на денешната прес-конференција.
Маричиќ: Самитот во Загреб ја потврди поврзаноста на ЕУ со Западен Балкан. Маричиќ објасни дека самитот бил посветен на три работи, но не и на проширувањето затоа што уште во март ЕУ даде дозвола за старт на преговорите на Северна Македонија и на Албанија и затоа во Загреб во фокусот биле други теми.
Во Србија нови 57 случаи на заразени со корона вирус и три починати лица.
Во изминатите 24 часа, тестирани се 5.521 лица, од кои позитивни на вирусот се речиси двојно помалку од вчера или 57 граѓани, или 1,03 отсто од тестираните.
Милановиќ одговори на провокацијата на Орбан за картата на „голема Унгарија“. По повод картата / глобус на која се гледа хипертрофирана Унгарија, инаку соседна и, во поновата историја, пријателска држава, која моментно е во тесна контрола на хроничните „картомани“, мојата порака за охрабрување до хрватските ученици пред матурирањето гласи: Хрватска е модерна европска земја и нација. Во нашите плакари и архиви се наоѓаат бројни историски карти и мапи кои ја покажуваат нашата татковина многу поголема отколку што е денес. Плакарите на повеќето европски земји кријат слични содржини. Не ги „споделувајте“ и ставате на вашите профили.
И.Т.Зафировска