ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Има скок на новодијагностицирани, следните денови ќе се утврдува на што се должи

Во изминатото деноноќие, нагласи Филипче, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се тројца пациенти, а вкупно хоспитализирани се 44 од кои на кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација се четворица пациенти.

May 7, 2020 15:09
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со 33-те нови случаи (Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1) со Ковид-19 во земјава, денеска имаме скок на новодијагностицирани пациенти и тоа ќе го следиме наредните денови, за да видиме дали е случајност, некаква варијација или ќе биде некаков тренд.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека тоа се резултати од само еден ден и не можат ништо да заклучат само од овие резултати од денеска, односно од изминатите 24 часа.

– Ако се сеќавате, во неколку наврати имавме слични сценарија со значајно мал, но и значајно голем број заболени, во еден момент имаше и над 100 новодијагностицирани. Во таа смисла во текот на утрешниот ден, во сабота, ќе ги анализираме новодијагностицираните случаи и ќе носиме заклучоци на што се должат тие. Засега остануваат на сила сите мерки и апелирам сите граѓани да продолжат доследно да ги почитуваат, потенцира Филипче.

Посочи дека со 33 нови случаи, вкупниот број дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.572, бројката на оздравени пациенти е 1.079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.

– На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70-годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 22 оздравени пациенти и тоа во Скопје -2, Куманово-6, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-1, Струга-1, Кочани – 2. Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, потенцира Филипче.

Во изминатото деноноќие, нагласи Филипче, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се тројца пациенти, а вкупно хоспитализирани се 44 од кои на кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација се четворица пациенти.

– Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 18. На респираторна машина е еден пациент, а уште двајца се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат тројца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани шест пациенти, а уште еден пациент се следи на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на Ковид-19, додаде Филипче.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССМ: Синдикална минимална кошница за јули изнесува 65.328 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk