Програмата „Култура во време на корона“ за денеска закажа три нови изведби.
Во 19 часот во Скопје Север жителите на околните згради ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава WESTSIDE CONCEPT, на театарот WESTSIDE. Во 20:30 часот во паркот во Кисела Вода концерт ќе одржи АМОН МРА БЕНД. За во 22 часот, на Кале, е закажан сетот на Мирко Попов.
Концертите ќе бидат стримувани на:
– фејсбук страницата на Град Скопје
https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs, и на
– Youtube каналот на Град Скопје
https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw