ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

СЗО: Шест или седум вакцини за Ковид-19 се во рана фаза на клинички испитувања

Неколку различни истражувачки институции и влади се вклучени во процесот. Во моментов, шест или седум од вакцините се во ранa фаза на клинички испитувања, велат од СЗО.

May 7, 2020 11:53
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Шест или седум вакцини за Ковид-19 се во рана фаза на клинички испитувања, изјави денеска на прес-конференција д-р Катерина Смалвуд, од Канцеларијата за Европа на Светската здравствена организација.

– СЗО помага во координација на глобалните напори за изнаоѓање вакцина за Ковид-19. Тоа исто така е поддржано од голем број меѓународни претставници од приватниот сектор и иницијативи. Што се однесува до бројот на вакцини кои се развиваат, се работи за десетина. Неколку различни истражувачки институции и влади се вклучени во процесот. Во моментов, половина од нив, шест или седум од вакцините се во ранa фаза на клинички испитувања. Ова е многу охрабрувачка вест, но ние мораме да бидеме екстремно реални дека за развој на вакцина е потребно многу време, рече таа на прес-конференцијата одговарајќи на новинарски прашања.

Она што СЗО го кажува генерално, додадва Смалвуд, е дека за развој на вакцина би требало да очекуваме 18 -месечен процес наспроти неколку години колку што е потребно да се развие една вакцина.

СЗО е вклучена во зајакнување на меѓународната соработка за истражување и развој на вакцина за Ковид-19.

– Ја охрабруваме понатамошната соработка во однос на ова прашање, рече претставничката на СЗО, посочувајќи дека СЗО ги повикува сите кои работат на развој на вакцина и институции да се здружат со меѓународните групи, да ги споделат информациите се со цел да биде постигнат одреден бенефит, рече Смалвод на денешната редовна неделна прес-конференција и брифинг на СЗО Европа за состојбата со Ковид-19.

Во однос на ризикот за втор бран на епидемијата, кој би можел да се очекува наесен, претставничката на СЗО, рече дека се разгледуваат повеќе потенцијални сценарија за коишто е рано да се зборува, но потенцира дека дали ќе има или нема да има втор бран зависи индивидуално од земјите односно спроведувањето на мерките од страна на граѓаните./МИА/

Next Post

Филипче: Новозаболени 33, еден починат и 22 оздравени од Ковид-19

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk