Погледнете како се градеше новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош што градоначалникот Шилегов го најави и вети во септември 2018 година давајќи притоа рок на реализација од 18 месеци.
Новиот булевар е со ширина од 40 метри, со вкупно 6 коловозни ленти, велосипедски и пешачки патеки од двете страни, средишно зеленило и зелен појас од двете страни.
„Денес овој булевар е отворен за употреба и Скопје е побогат за уште една важна сообраќајница што ќе овозможи развој на северниот дел од градот.“, велат од Град Скопје