Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со статус на Фејсбук упати честитка по повод денот на македонската полиција.
Нека е честит 7ми мај – Денот на македонската полиција!
Полицајците се нашите заштитници, нашите чувари на граѓаните, нивните права и безбедност.
Во период кога се справуваме со сериозна закана од глобалната пандемија, полицајците беа во првите редови во борбата против корона вирусот.
Македонските полицајци покажаа висок степен на подготвеност, професионалност и пожртвуваност во заштита на јавниот ред и мир, посветеност во спроведувањето на мерките и спречување на заразата од корона вирусот.
Со тоа, и полицајците даваат свој значаен придонес во заштита на јавното здравје.
Во изминатите години преку процес на реформи и професионализација, полицијата ја врати довербата и угледот кај граѓаните. Денес таа е вистински сервис на граѓаните, нивен заштитник и предводник во обезбедувањето на безбедноста и стабилноста на целото општество.
Ви благодариме!, напиша Заев во честитката.