ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

09: Ќе има ли промени во траењето на полицискиот час, СДСМ бара оставка од Чулев, Филипче разочаран од случувањата во Струга

Блок утрински вести во 09 часот.

May 8, 2020 07:58
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска ќе се разговара за времетраењето на полицискиот час, утре за евентуално олабавување на мерките. Филипче посочи дека двата дена ќе се анализираат случаите на новодијагностицирани пациенти пред да бидат донесени какви било препораки. На состанокот на Комисијата за заразни болести, како што рече Филипче, нема да присуствува претседателот на државата Стево Пендаровски.

Свештенство при храмот Св. Георгиј вели нема простор за обвинување, црквата повикала на придржување до мерките.

Од манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во Рајчица во соопштение на 4 мај информираа дека поради актуелната вонредна состојба со Ковид-19, а во согласност со препораките на здравствените власти, овогодинешната Струшка литија со чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона, ќе се одржи без присуство на народ.

Филипче: Барам да се спроведе истрага како се дозволило ваков собир во Струга кој е строго забранет.„Сцените кои ги гледам денес од Струга се крајно разочарувачки за мене. Ги толкувам единствено како целосно непочитување на здравствените работници и сите кои деноноќно работат за да ја надминеме кризата. Од почетокот постојано повторувам дека без поддршка од граѓаните, здравствените работници не можат да направат ништо. Буквално ништо. Ако сакаме да го задржиме овој позитивен тренд мора ги почитуваме мерките без исклучок. Исто така, барам да се спроведе истрага како се дозволило да се случи ваков вид на собир кој е строго забранет. Апелирам до граѓаните да се воздржат од било какви собири за да конечно почнеме да го враќаме животот во нормала“, напиша Филипче.

СДСМ: Оставка од Наќе Чулев за загрозување на здравјето и безбедноста на граѓаните, за непостапување при настан во Струга, нападот врз новинар и чадната бомба.

СДСМ бара одговорност од неспособниот и неодговорен технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев, да си поднесе оставка затоа што го загрозува здравјето и безбедноста на граѓаните. Jавноста беше сведок на масовно прекршување на забраната за групни собири во Струга. Стотици граѓани без заштитна опрема, без соодветна дистанца масовно се движеа низ Струга, а полицијата беше прустуна на настанот и воопшто не реагираше.
Завршен планот за скрининг од следната недела, ќе се анализира скокот во бројот на новoзаразени. Скокот во бројот на нови инфицирани со КОВИД-19  –  потврдени 33 случаи за 24 часа, од кои најмногу во Скопје (11) и во Велес (девет), ќе се следи деновиве за да се утврди дали е случајност или некоја варијација, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Катица Јанева денеска ќе дава исказ во случајот „Рекет“. Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски по изнесената одбрана на вчерашното рочиште посочи дека Обвинителството не извршило вештачење на мобилниот телефон.

Следува стабилно време со пораст на дневните температури.

Пандемијата влијае и врз метеоролошките набљудувања.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk