ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

АХВ со препораки за организирање на работата на угостителите во услови на пандемија

Во прирачникот со препораки, Агенцијата за храна и ветеринарство детално ги опишува сите измени по кои ќе треба да работат угостителите, од природно проветрени простории за пауза на вработените, до задолжитела заштитна опрема и засебни санитарни препарати, сѐ со цел спречување на можно ширење на вирусот.

May 8, 2020 16:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) подготви прирачник со сет на препораки за организирање на работата на угостителите во услови на пандемија со корона вирусот во пресрет на најавеното укинување на дел од мерките и ограничувањата донесени поради епидемијата на вирусот Ковид-19 и разгледување на можноста од страна на Комисијата за заразни болести за повторно отворање и работа на угостителските објекти.

Целта е со препораките, како што велат од АХВ, е да им се помогне на операторите со храна кои се занимаваат со угостителство правилно да ја организираат работата во објектите, создавајќи услови преку максимално почитување на мерките за заштита, да се заштити здравјето и на вработените и на гостите, но и да се одржи високо ниво на хигиена во угостителските објекти.

– Според најавата на Комисијата за заразни болести угостителските објекти како што се рестораните ќе почнат со работа во втората фаза од воведувањето на релаксираните мерки, која согласно трендот на новозаболени од корона вирусот, се очекува да биде после 19 мај. Според стручните лица, со вакви мерки на заштита и претпазливост и во овој дел од стопанството, државава ќе живее во текот на целиот летен период, бидејќи оваа пандемија не е како сите досега познати заразни болести, велат од АХВ.

Од самиот почеток на пандемијата со Ковид-19, додаваат, Агенцијата за храна и ветеринарство посветено работи на информирање на сите вклучени чинители во системот на безбедност на храната за мерките заштита и спречување на ширење на вирусот. На интернет страната на АХВ  заинтересираните субјекти и граѓаните можат да ги најдат сите препораки и информации кои се однесуваат на пандемијата и на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните.

– Покрај спроведување на темелна дезинфекција на објектите и површините и опремата, пред започнувањето со работа, неминовно е да се изврши и дезинсекција и дератизација во угостителските објекти. Угостителите треба да спроведуваат строги мерки за избегнување на евентуален пренос на инфекцијата меѓу вработените и гостите, пренос на инфекцијата преку контаминиран прибор и опремата која доаѓа во контакт со храната и гостите, како и мерки за избегнување на пренос на инфекцијата при прием на храната и послужувањето на гостите, велат од АХВ.

Примарна останува, потенцираат, примена на мерките за лична заштита како што се носењето на заштитна маска од страна на вработените, одржување на хигиена на рацете, физичко дистанцирање од 1,5 – 2 метри меѓу самите вработени и со гостите, но пред се избегнување на допирање на очите, носот и устата.

– Задолжителна ќе биде дезинфекцијата на рацете и на гостите и на вработените кои тоа треба да го практикуваат почесто, односно во неколку наврати во текот на подготовката и послужувањето на храната. Покрај основната, за вработените треба да се обезбеди и дополнителна заштитна опрема, како што се штитови за лице, водонепропустливи престилки, гумени ракавици и чизми. Во поглед на организирањето на примот на гостите, масата треба да биде максимум за четири гости кои ќе бидат сместени на површина од 10 квадратни метри. Растојанието од задниот дел од столицата до задниот дел од столицата на соседната маса треба да изнесува најмалку еден метар, а гостите да се гледаат едни со други на растојание од најмалку 1, 5 метар. Во помалите објекти, треба да се разгледа и можноста за шалтерско послужување, потенцираат од АХВ./МИА/

Next Post

Филипче: Велес не е ново жариште, ситуацијата е под контрола

Shortcut

Најново

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

ЦИВИЛ – БРИФИНГ ЗА ВОЈНАТА ВО СЕНКА: Ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk