Регистрирани 20 оздравени пациенти, еден починат од Тетово. Направени се 242 теста во последното деноноќие, 14 новодијагностицирани. Досега има регистрирано 1586 заразени од корона вирус, од кои активни се 397 случаи. Досега има вкупно 90 починати, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
„Утрово имавме состанок на Комисијата за заразни болести, бевме вклучени директно на Центарлниот штаб на Владата и предложивме полицискиот час за време на викендот да трае од 19 часот до 05 часот, односно исто како преку работната недела. Тоа ќе го дадеме како предлог на денешната седница на Владата“, рече Филипче.