ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Секое неодговорно однесување на поединци или на групи може да нè врати на почеток на кризата

Во однос на вчерашниот собир во Струга, министерот Филипче вели дека тоа е еден чин, кој претставува непочитување на здравствените работници и на сите други кои пожртвувано работат за што побрзо да излеземе од оваа криза.

May 8, 2020 16:54
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната прес конференција, министерот за здравство, Венко Филипче, се осврна на вчерашните случувања во Струга, каде голема група граѓани присуствуваа на масовен собир, голем дел без никаква заштитна опрема на себе и покрај строгите забрани за масовни собири во време на вонредна состојба заради опасност од ширење на заразата од Ковид-19.

Во однос на вчерашниот собир во Струга, министерот Филипче вели дека тоа е еден чин, кој претставува непочитување на здравствените работници и на сите други кои пожртвувано работат за што побрзо да излеземе од оваа криза.

„Ова е непочитување и кон граѓаните, кои се придржуваат до мерките. Од првиот момент повикуваме на граѓанска солидарност, во интерес за заштита на индивидуалното и колективното здравје. Најостро ги осудувам сите, кои не ги почитуваат мерките и очекувам темелна истрага за собирот на граѓаните вчера во Струга. Институциите мора да ги санкционираат прекршителите и поревносно да делуваат во иднина за да се спречат вакви прекршувања“, изјави министерот Филипче.

Тој додаде дека сите досегашни мерки дадоа резултат, се стабилизираше епидемијата, намалувањето на бројката на нови случаи е токму резултат на ваквите рестриктивни мерки, кои голем дел од граѓаните ги почитуваат, а на ваков начин најгрубо се прекршуваат.

„Утрово разговарав со реисот од Исламската верска заедница (ИВЗ) и со поглаварот на Македонската православна црква (МПЦ). На двајцата им посочив и побарав апсолутно да се придржуваат до мерките во интерес на здравјето на граѓаните и да не се организираат собири на верниците. По информацијата, која денеска ја објави ИВЗ, дека на 12 мај се отвораат џамиите, сакам да повторам дека сè уште е на сила забраната за групирање на повеќе од две лица. Апелирам до верските заедници и до сите останати, да спречат било каква организација или групирање на своите поддржувачи, додека овие мерки се на сила. Верувајте, дека секое неодговорно однесување на поединци или на групи може да нè врати на почеток на кризата, а тоа истата ќе ја продлабочи и ќе се рефлектира на целокупното функционирање, не само на здравствениот систем, туку и на државата“, посочи министерот Филипче.

Министерот Филипче упати апел и до граѓаните да се воздржат од било какви собири, да се придржуваат до сè што е пропишано, препорачано и донесено од Владата. Да се почитува забраната за групи поголеми од две лица, да се држи дистанца од најмалку два метра и задолжително да се носи заштитна маска, покривка на устата и на носот, кога растојанието меѓу граѓаните е помало од пропишаното./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

18: Кичеец ја потврдува автентичноста на снимките, Филипче со апел до МПЦ-ОА и ИВЗ, предлог полицискиот час за викенд да трае од 19 до 05 часот...

НАЈНОВО

Скопје добива вода, но сè уште со слаб притисок по големиот дефект во Влае

October 6, 2025
Повеќенеделни антируски окупациски протести во Тбилиси во летото 2019 година, кои следеа по посетата на рускиот пратеник Сергеј Гаврилов во главниот град на Грузија. Фото: Еана Корбезашвил

ЕУ остро ја критикуваше Грузија за локалните избори

October 6, 2025

Слушнавме експлозија, земјата се стресе, мислевме дека е земјотрес, сведочат жители за водоводниот дефект во Влае

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk