Младата Михаела Јаневска, по две ипол недели на Инфективната клиника во Скопје и уште две недели во самоизолација, денес донираше конвалесцентна плазма која ќе послужи за третирање на пациенти позитивни на Ковид-19.
На социјалната мрежа Твитер, сестрата на Михаела ја објави информацијата која секако наиде на голема поддршка.
ова е сестра ми која после 17 дена хоспитализација на инфективно со #SARSCoV2 и 14 дена самоизолација дома денес донираше конвалесцентна плазма која ќе се користи за третман на пациенти
на линкот има формулар за пријавување за донирање https://t.co/nJgghEzW7s pic.twitter.com/7YYjuVF2EF
— Ангела (@RumShtangla) May 8, 2020
Михаела ги исполнувала условите во протоколот за дарување, и нејзината плазма, која содржи антитела ќе се користи за лекување на пациенти кои се борат со инфекцијата од Ковид-19.
Во постот на Твитер, исто така има и линк на кој секој заинтересиран може да се пријават и да донира.
А. Н. Стојчевски