Луѓе остануваат без работа; луѓе немаат леб да јадат; луѓе живеат во долг и заем, значи со растетеравена иднина без сигурност; луѓе не водат љубов; луѓе седат во изолација, и дел ако се среќни да имаат средства и социјален капитал разговараат на камера со психолози за да ја преживеат изолацијата и менталниот затвор; луѓе се грижат за блиските и нивните блиски и не се гледаат со пријателите, со родителите; луѓе се грижат и за знајните и незнајните за да го спасат и онака кревкиот здравствен и социјален систем од колапс; луѓе дишат на респиратори помеѓу бели мантили и ѕидови, луѓе умираат; луѓе не можат да ги испратат достоинствено најблиските починати; луѓе седат во молк и бол под ударите на насилници во лажниот рај наречен дом и брак; луѓе седат истоштени пред екран и перформираат социјалност и комуникација, менаџирајќи хаос од знаци за другиот од другата страна; иднината ни виси на конец…АМА метафизиката за другиот свет и изворот и спасот оттаде, фантазмите, евтините политички манипулации, редовните разгорувачи на омраза и насилство, и опиумот за социјалното страдање реши да ни покаже уште еднаш дека они се над законот, не само позитивно-правниот, туку законот на конечноста, на ранливоста, на телесноста, на грижата за другиот. Фантазмогоријата без тела, реши да ни ги одземе и нашите тела и нивните светови. Рамнодушно и арогантно. Амин!
Фејсбук пост на Славчо Димитров