ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Состојбата со корона вирус во светот до 19 часот

На светско ниво, бројот на заразени е нешто помалку од 4 милиони, од кои милион оздравеле.

May 8, 2020 18:17
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот корона вирус досега се заразиле 3.971,558 лица. Од нив починале 273,792, а оздравеле 1.370,749 луѓе.

– за влез во Србија во иднина ќе биде потребен тест на корона вирус, не постар од 72 часа, а оние кои немаат потврда за негативен тест ќе мораат да престојуваат 14 дена во изолација. За оние кои ќе сакаат да заминат од Србија во странство ќе се почитуваат правилата на таа земја. тестот за корона вирус во Србија ќе чини 50 евра.

– Шестмесечно бебе е едно од последните жртви на корона вирусот во Велика Британија, соопшти денеска Националната здравствена служба на таа земја. Бебето е меѓу денешните 332 смртни случаи.. Вкупно 22 од новите смртни случаи биле на возраст меѓу 40 и 96 години и немале други заболувања.

– Австрија денеска ги соопшти правилата за угостителите кои ќе мора да се следат кога следната недела ќе бидат отворени баровите и рестораните. Се бара да има најмалку еден метар растојание меѓу масите, како и дополнителни хигиенски мерки. Освен тоа, персоналот кој е во директен контакт со гостите ќе мора да носат заштитни маски за лице. На една маса може да седат максимум четворица возрасни и деца, освен во случаи кога ќе може и поголем број доколку живеат во исто домаќинство.

– Стотици луѓе во Белорусија, меѓу кои и ветерани од Втората светска војна учествуваа денеска во свеченост во црква во Минск. И покрај растечката епидемија во таа земја, никој од присутните не носел заштитна маска.

– Првиот ден од отворањето на Дизниленд во шангај, после три месеци вонредни мерки, распродадени се сите карти за тој забавен парк, јави Гардијан. Љубителите на јунаците на Дизни уште од понеделникот почнаа да купуваат карти, кои до вчера беа распродадени. По барање на кинеските власти, забавниот парк работи со 30 отсто капацитет, односно ќе прима по 24 илјади посетители дневно.

– Градоначалникот на Милано Бепе Сала рече дека е згрозен од големиот број луѓе кои шетаат по улиците и покрај тоа што правилата за физичко растојание се уште се во сила. Италијанските медиуми објавиија фотографии на кои се гледа како долж водните кканали има голем број луѓе, за што Сала рече дека е „срамно“.

– ЕУ најави испорака на милион и пол медицински маски за 17 држави членки и Велика Британија. Станува збор за дел од 10 милиони маски набавени преку ЕУ инструментот за итна помош, а кои во следните шест седмици ќе бидат распределени во најзагрозените региони на државите членки./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Владата бара МВР да утврди одговорност за настанот во Струга и за прославата на Денот на полицијата за сериозно непочитување на мерките

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk