Владата на Република Северна Македонија на денешната 50-та седница го задолжи Министерството за внатрешни работи, веднаш да го испита случајот со одржувањето на верскиот настан во текот на вчерашниот ден во Струга, како и прославата организирана од Министерството за внатрешни работи по повод Денот на полицијата.
Двата настани претставуваат сериозно непочитување и прекршување на воведените забрани од страна на Владата. МВР треба да утврди одговорност, да се преземат соодветни мерки кон одговорните лица и за истото министерството да ја информира Владата, се вели во соопштение на Владата од 50-тата седница.