ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

09: Полициски час од 19 до 5 часот, Комисијата за заразни болести треба да одлучува за олабавување на мерките, Ден на Европа

Блок утрински вести.

May 9, 2020 07:59
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за заразни болести треба да одлучува за олабавување на мерките и отворање на економијата. Ако денешната бројка на новодијагностицирани, од тестирања направени вчера, е повторно онаква како како што покажува трендот од изминати две недели, а не како завчера, таа би се толкувала како варијација, и ќе биде препорачано постепено отворање на институциите.

Полицискиот час викендов од 19 до 5 часот.

Согласно одлуката на Владата, сите млади лица под 18 години денеска и утре ќе можат да се движат од 13 до 19 часот. Возрасните граѓани над 67 години, ќе можат да се движат од 05 до 12 часот.

Летово нема да се организира бесплатен одмор за деца од загрозени семејства. Ваквата одлука ја усвои Владата на иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, кое предложи спроведувањето на проектот да се одложи, односно тој да не се реализира за летото 2020 година.

Брнз: Треба да се гордеете како одговоривте на кризата.

Амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Брнз, го оцени како робусен ангажманот на амбасадата на САД во нашата држава, иако нивното физичко присуство поради корона вирусот не е толку видливо во земјата. Во интервју за „Независен“ таа вели дека помошта што ја доби Македонија е само дополнителен директен дел од она што САД, како најголем светски контрибутор, го даваат редовно за здравствени цели во светот, нагласувајќи дека дури 80 отсто од светските донации всушност доаѓаат како приватни од американските граѓани, кои се многу дарежливи.

Делегација на ЕУ: Онлајн прослава на Денот на Европа во Северна Македонија.

„Нека Денот на Европа и овие околности ни бидат потсетник дека заедно сме посилни. Дека секоја криза е можност. И дека солидарноста е единствениот пат кон подобра иднина, без разлика на предизвиците кои ги носи“, напиша евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Јавниот превоз денеска и утре ќе функционира од 05 до 19 часот во две смени. Како што соопшти ЈСП, отворени од 7:30 до 17 часот ќе бидат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарниците на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Сончево и топло, со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Бројот на заразени со новиот корона вирус во светот надмина четири милиони лица. Повеќе од 275.000 луѓе починаа, а 1,38 милиони луѓе оздравеа.

САД имаат најмногу заразени, 1,3 милиони, каде има најмногу смртни случаи, повеќе од 78.000. На второ место по бројот на заразени (260.117) е Шпанија, каде починале 26.299 лица.

И.Т.Зафировска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk