„Толку е големо бунилото во ВМРО-ДПМНЕ, што преку нелегални снимки ја водат нивната внетрапартиска пресметка, несвесни дека со тоа прават промоција на политиките на Зоран Заев и СДСМ“, се вели во соопштението на СДСМ по објавите на Инфомакс со аудиоснимка во која велат дека Зоран Заев упатува пцости кон Орце Камчев.
„Денеска констатиравме дека 20 лица од овие 36 биле во контакт со заразено лице. Тоа значи дека најверојатно се работи за непочитување на мерките кои се донесени во изминатиот период. Согласно инкубацијата на ова заболување од 10 до 14 дена, ние ги лоцираме проблемите дека се случиле некаде околу Велигден и 1-ви Мај“, изјави Прим.др Жарко Караџовски.
АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје се извинува за, како што наведува, ненамерната грешка и техничките пропусти при објавување на пригодната поштенската марка од серијата „Северна Македонија во ЕУ“ чија цел е одбележување на претседавањето на Република Хрватска со ЕУ.
Сепак, Српското Министерството за надворешни работи денеска му врачи протестна нота на амбасадорот на Република Северна Македонија во Белград, по повод печатењето и објавувањето на поштенска марка на која се наоѓа географска карта на фашистичката Независна држава Хрватска (НДХ).
Албанскиот прмиер Еди Рама најави легализација на марихуаната за медицински цели, Делегацијата на ЕУ во Тирана, по неговата изјава дека во консултација со меѓународни експерти се подготвува закон за легализација на марихуната за медицински цели, соопшти дека во тоа не се вклучени ниту Европската унија, ниту Европската комисија.
Според најновите податоци, во светот со новиот корона вирус досега се заразиле 4.059.369 лица. Од нив починале 277.973, а оздравеле 1.415,259 луѓе.
Во САД на 87-годишна возраст денеска почина Литл Ричард, пејач, пијанист и композитор, „таткото на рокенролот“.
https://www.youtube.com/watch?v=LVIttmFAzek