Во Дебар, градот кој беше прво жариште на корона вирусот во земјава, 25 дена по ред нема ниту еден нов позитивен случај, информираа од општинскиот кризен штаб повикувајќи се на најновите информации од Министерството за здравство.
Вкупниот број на активни случаи во овој регион е 51, а меѓу нив се и двајца од Центар Жупа, брачниот пар кој први се дијагностицираа откако се вратија од Италија.
Според полициската статистика, последните 24 часа за време на полициски час и другите забрани за движење и заштита на граѓаните од ширење на заразата со корона вурусот не е регистриран ниту едно прекршување. Истиот период во дебарскиот регион не се регистрирани ниту грабежи или други инциденти. Во Дебар има само еден граѓаним во самоизолација со решение од надлежниот инспекторат.
А. Зеќири