Коронава извади на виделина едно шокантно сознание.
Во една речината тоа е:
Боже Господе со кого јас тука живеам!
Односот кон мерките и кон информациите го потврдија а верувам и разоткрија уште повеќе колку образованието на нашето население е на ниски гранки.
И да расчистиме. Не мислам кој каква диплома има по дома. Не мислам кој е доктор на науки, има магистерска или завршил факултет.
Мислам на тоа кој колку научил да размислува. Самостојно. Да селектира извори на информации. Да ги анализира. Самостојно да извлекува логички заклучоци.
Оти на образованието тоа му е клучната цел.
Не да ти каже што да мислиш, туку како да размислуваш.
За жал нашето образование е папагализам.
Учиш дефиниции на памет. Не се обидуваш да ги сфатиш. Важно е да точно (понекогаш и од збор до збор) да ги повториш на испит.
Нема решавање на студии на случај.
Нема предизвикување на став.
Нема самостојно истражување од различни извори.
Нема процес на градење на став и негово поткрепување со релевантни факти, добиени преку истражување или од релевантни извори.
Јас лично мислам дека голем дел од тие со дипломите не ја разбираат и суштинската цел на науката.
Еднаш направив експеримент со студенти.
И сфатив дека тие не знаат што е наука.
Тие не знаат дека науката е многу интересна.
Дека таа е „детективски филм“
Дека тоа е многу забавно и интресно!
Дека таа го истражува и докажува начинот на кој функционира светот и целиот Универзум околу нив.
Истражува и открива.
Не знаеја дека науката докажува законитости.
Ако ја загреам водата на 100 степени ќе зоврие.
Тоа науката го открија, знаете нели?
Е па таа иста наука ги открива законитостите и за корона вирусот.
Преку дефинирани методи докажува што е точно, што не е и која законитост може да се искористи за да го победиме вирусот.
Тоа е закон. Закон на природата. И ич не е важно дали некој седнал на youtube и со убедлив говор кажува дека се е лага.
Тој што има квалитетно образование веднаш ќе побара докази. Ќе побара да види кој е кредибилитетот на тој кој зборува. Ќе види дали тоа е лично мислење или научен факт.
Не велам дека треба да сме затворени за различни мислења, тврдења или сомневања.
Но треба да разликуваме што е сомнеж и лично мислење а што е вистина т.е. научно потврден факт.
Исто се смешни кога ќе кажат: Каква наука само менуваат нешто.
Па нормално дека менуваат. Не е се истражено. Се истражува и дополнува.
За жал нашето население е необразовано.
Има дипломи ама не знае да размислува.
Лесно се заведува од секакви теории на заговор.
Тоа што се убедливи на прво гледање ги прифаќа како асполутна вистина, без да истражува дополнително.
И тогаш станува хаос.
Ти му викаш држи дистанца он ти вика гледав на youtube рекоа се е лага. Ти му викаш носи маска он ти вика вирусот не постои. Или во Шведска е вака или така. А не седнува да истражи точно како е и зошто е баш така.
За жал оваа реформа во образованието никако да дојде на дневен ред во земјичката ни наша.
Се се решава ама клучното не.
И имаме куп лесно поводливи „неписмени“ гласачи кои некоја забеготина како Грујо пак ќе ги заведе кон „доказите“ дека се почнало и завршува со оваа мала и сиромашна земјичка.
А да не надоврзувам тука емоционална неписменост.
Тука се емпатичноста, солидарноста, одговорноста, извршителноста, самостојноста, упорноста….
И неспособност за само контрола и одвојувањето од емотивните манипулации во кои ги ставаат политичарите.
Постојано реактивно однесување, лутање од една крајност во друга…зачинето со немање вештини за конструктивно размислување…не носи до тоа каде сме сега.
Тажно.
Но вистинито.
И многу секојдневно.
Дури страв да те фати!
Фејсбук пост на Лазар Ѓуров