Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес конференција по завршувањето на состанокот со коалициските партнери, на новинарско прашање одговори за аудио снимките кои вчера се појавија во јавност и на кои се слуша неговиот глас.
На прашањето за вчерашните снимки со разговорите, Заев пред сѐ изрази задоволство затоа што се докажало дека граѓаните поддржуваат демократски, а не режимски политики, како што покажаа и на локалните и на претседателските избори. Тој нагласи дека волјата на граѓаните на избори е неприкосновена, а не неконтролирана и штимана, како што тоа беше во времето на груевизмот.
На маршевите и протестите, додава Заев, јас бев во 17-тиот ред, напред беа граѓаните и граѓанските организации.
Вчерашните разговори само потврдуваат дека бомбите се дадени на СЈО, и на никој друг, а се гледа и замешаноста на Чауш, кој е член на СДСМ и за кој имало шпекулации дека имал контакт со некои претходно селектирани бомби кои тогаш биле преведувани од албански за подоцна да бидат објавувани, вели претседателот на СДСМ, Заев.
Од снимките, исто така додава Заев, јасно се слуша моето инстистирање да се заврши со криминалците и криминалот, и ден денес стојам на тие ставови. Вчерашните снимки се како афирмативен материјал за нашите политики за борба против криминалот, за заштита на граѓанскиот сектор и правата на граѓаните. Затоа и на шега кажав дека или нашиот шеф на ПР Ацко Поповски или Марјан Забрчанец во Владата ги пуштил овие разговори во јавност, рече Заев на крајот од своето обраќање.
А. Н. С.