Министерот за здравство, Венко Филипче преку социјалната мрежа Твитер предупреди за лажни електронски пораки, овојпат како официјални содржини од Министерството за здравство.
Филипче апелира да се игнорираат ваквите пораки, како што вели, пратени од лажна адреса која наликува на таа на Министерството, и појасни дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика веќе постапуваат по случајот.
❗ Ве молам споделете
Меѓу граѓаните се шири е-маил со невисината содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство. Известен е Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР кој веќе постапува за овој случај. pic.twitter.com/lgocWz9D7U
— Венко Филипче (@VFilipche) May 11, 2020
Меѓу граѓаните се шири е-маил со невистината содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство. Известен е Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР кој веќе постапува за овој случај, напиша Филипче во пост на Твитер.