ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Лондон и Брисел почнуваат нова рунда од преговорите за меѓусебните односи по Брегзит

Британците, кои официјално ја напуштија ЕУ на 31 јануари, влегоа во преоден рок до крајот на годината, за чие време ќе продолжат да ги применуваат регулативите на ЕУ.

May 11, 2020 11:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Лондон и Брисел денеска, без ентузијазам , ги продолжуваат преговорите за меѓусебните односи по Брегзит, откако во првите две рунди од преговорите не беше постигнат голем напредок и во време кога вниманието е насочено кон пандемијата на коронарен вирус.

Преговорите, што ќе траат една недела, почнуваат попладнево со пленарна видеосесија, во присуство на главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние и неговиот британски колега Дејвид Фрост.

Последната рунда, што се одржа на крајот на април, заврши со изјава за неуспех, а со неа се прошири и неизвесноста дека Лондон и Брисел ќе можат да  постигнат договор, како што беше планирано, до крајот на годинава.

На крајот од втората рунда преговори, Барние изрази жалење што Велика Британија не сака сериозно да се вклучи околу еден број темелни точки од преговорите. Токму оваа забелешка минатата недела и ја упати на Велика Британија европскиот комесар за трговија, Фил Хоган, преку ирскиот печат.

-Нема вистински знак дека нашите британски пријатели влегуваат во преговори со план тие да успеат, рече Хоган.

Британците, кои официјално ја напуштија ЕУ на 31 јануари, влегоа во преоден рок до крајот на годината, за чие време ќе продолжат да ги применуваат регулативите на ЕУ.

Преговарачите во јуни треба да одлучат дали да го продолжат тој период за да се овозможи повеќе време за преговори. Сепак, Лондон категорично ја отфрла оваа идеја, дури и кога епидемијата на коронавирусот ги наруши роковите за преговори, како и формата во која се спроведуваат, отсега исклучиво преку видео-врска.

Портпаролот на британската Влада објасни дека продолжувањето на рокот само ќе ја продолжи неизвесноста на компаниите и ќе значи дека Велика Братанија треба да инвестира нови средства во буџетот на ЕУ.

За разлика од Европејците кои сакаат да имаат единствен договор за целокупниот однос меѓу двете страни, Велика Британија сака да има само класичен договор за слободна трговија, сличен на оној што го склучи со Канада, и за тоа кога подоцна може да се преговара за помали договори по сектори./МИА/

Next Post

По два месеци Словенците повторно можат да го користат јавниот превоз

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk