пишува: РИБАРО
После објавените аудио снимки каде Заев во кафанска атмосфера разговара со лице на кое му е мутиран гласот од сосема блесави причини (Заев разговарал со некого во четири очи), екипата на АХА, дознава детали од разговори од Белата палата. Доушникот на АХА, вели било голема ѓурултија.
Имено, како што известуваат нашите извори, одговорното лице за пуштање во промет на нелегално снимени аудио и конструирани пишани материјали, ја згрешил папката и наместо од жолтиот фолдер со име „за Будимпештански платеници, фрфљо и курирана“, пуштил да се даде во промет од забранетиот црвен фолдер со име „за Мицко од ШЕФОТ“. Одговорен за таа тајна датотека, како што јавуваат изворите на АХА, бил Јанушев лично и само тој и едно техничко лице родум од Струга имале пристап до тие материјали.
Мицкоски: Добро бе Јанушев, каде се пулеше, нели рековме од кој „фолдер“ дозирано да се пласираат нелегални материјали кај партал порталине шо ни се под контрола? За кој курац пелтечам како заебан пред медиуми за одложување на избори, кога ТИ од два тотално различни фолдери не можеш да направиш разлика?
Нели намерно ги обоив – едниот во црвена, другиот во жолта и рековме дека тој фолдерот со црвена боја е само за мене, да не се чепка! Малку ли беше Кичеец шо ми го спушти шо ме снимал, па сега и уште ова. Ајде Кичеец наш е, ми го плесна по нашки и нема тука лутиш, ама ти да ми го плесниш, уствари исто ко сам да сум си го плеснам. Како бе Јанушев сега баш пред избори пуштивте снимка дека Заев ќе му ебел матер на Камчев, кога мајчин Рекет го плетиме 3 години? КАКО!?
Јанушев: Шефе јас црвена и жолта боја не разликувам, ми се мешаат отсекогаш. Техничкото лице е на боледување, бил во поворката на литијата во Струга.
Мицкоски: Каке бе не разликуваш бои, а си сакал да бидеш пилот?! Со кого си имам јас работа…
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK