Можно олабавување на мерките во најмалку ризичните сегменти. Поместувањето на очекуваните одлуки за олеснување на мерките, појасни, се должи на последователно зголемување на процентот на заразени – во два дена 10 отсто од вкупниот број тестирани, а денеска 15 проценти.
Денеска лидерска средба за нов датум за парламентарни избори. Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се одржи лидерска средба за терминот на одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа закажани на 12 април, но беа одложени со уредба на Владата поради прогласувањето вонредна состојба и ширењето на ковид-19. Лидерите исто така се очекува да зборуваат и за евентуално продолжување на вонредната состојба, за состојбата со коронавирусот во земјата и препораките на здравствените власти, и како да се спроведе кампања и гласање, а да се заштитат граѓаните.
Мерко: Луѓето сфатија дека овој вирус не се тепа со оружје, литијата во Струга го стави под знак прашање целиот труд на државата. Мислам дека граѓаните е веќе свесни за опасноста од Ковид-19. Во изминативе два месеци луѓето сфатија дека овој вирус не се тепа со оружје. Треба да ги следиме мерките и препораките кои што владата и владите во светот ги применуваат, зјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, градоначалникот на Струга, Рамис Мерко.
Дозвола за верската литија во Струга имало од полицијата, но под одредени услови.
И покрај апелите на надлежните, од денес џамиите отворени за верниците. Молитвите ќе се вршат на одредени места за да се задржи потребното растојание, а верниците ќе можат да се молат и во дворовите на џамиите.
Денис Јанкуловски: Се гордеам со сите мои колешки медицински сестри, честит 12. мај, Меѓународниот ден на медицинските сестри.
Рочиште за „Ласкарци”.

Во предметот се обвинети шест лица на чело со сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, обвинетиот Дурмиш Белули.
Сончево со ветер од западен правец.
Трамп: Не сум заинтересиран за повторни преговори со Кина.
Не ме интересира. Ние го потпишавме договорот. И слушнав дека би сакале повторно да се отворат трговските преговори за да направат подобар договор, рече Трамп.
И.Т. Зафировска