ПРВАТА пролет на Зелениот кров на ГТЦ (Фото галерија).
СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ исплашени од волјата на граѓаните, лажат дека треба да поминат 60 дена по вонредната состојба за одржување избори.
ФРОНТ: Пишува Сашо Орданоски – Верски и политички кабаетлии.
ЗА прв пат по 23 години од нашата држава е извезено свежо разладено јагнешко месо во Јордан. Се работи за извоз на 2.000 јагниња, откупено од домашни одгледувачи на овци кои со авионски карго транспорт вчера доцна попладне се извезени во Јордан.
СПОРЕД СДСМ, економските мерки им помагаат на фирмите, досега исплатени над 40% од кредитната линија Ковид 1.
ФИЛИПЧЕ: Направивме прилично успешен модел на борба со вирусот, борба во која учествуваат сите граѓани.
МИНИСТЕРОТ за здравство Венко Филипче за Меѓународниот ден на медицинските сестри, истакна дека медицинските сестри се грижат за светот. Тој изрази почит и им заблагодари за влогот и трудот што го вложуваат медицинските сестри поставени на првата линија на фронтот.
ДЕНЕСКА во Прилеп е регистриран уште еден нов случај на заболен од корона вирус, соопштија од Општината.
ЗГОЛЕМЕН е бројот на луѓе на кои им е потребна хуманитарна помош. Во периодов не помагаме само на социјални случаи туку и на семејства кои останале без плати, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ утрово Мерсиха Смаиловиќ од невладината „Легис“.
ПАРИСКОТО Обвинителство отворило истрага против поранешниот француски претседател Валери Жисар Дестен (94) под обвинение за сексуална злоупотреба на германска новинарка.
ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Бразил Хамилтон Моура изјави дека почнало распоредување на трупи за заштита на Амазонија, оваа година армијата се испраќа три месеци порано од минатата година.
АГЕНЦИЈАТА УНИЦЕФ побара 1,6 милијарди долари за помош на децата погодени од хуманитарните кризи, а сега и со пандемијата на коронавирусот.
ШЕФОТ на злогласниот мексикански нарко картел „Лос Зетас“, Моис Ескамила Меј, наречен „Дебелиот Меј“, почина во најзаштитениот затвор во Мексико, Халиско, како последица на зараза со Ковид-19.
И.Е.





