ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

(ВИДЕО) Филипче: Направивме прилично успешен модел на борба со вирусот, борба во која учествуваат сите граѓани

Дијагностициравме таму каде што е потребно. Ги заштитивме капацитетите на болниците. Немавме преполни болници. Ги избегнавме сценаријата од Италија и Шпанија. Сега ги гледаме резултатите од таа стратегија. Опаѓа бројот на заболени, иако имаме мали варијации.

May 12, 2020 08:51
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на вчерашниот состанок разговаравме за олабавување на некои мерки, но денеска се финализира таа дискусија. Треба да се финализира целиот детален план и препораките за функционирање. Целокупниот материјал е спремен, но кога ќе се прецизира датумот ќе се дискутира денес. Ние направивме еден наш автентичен модел според карактеристиките на населението. Две држави не може да се споредат една со друга. Сметам дека направивме прилично успешен модел на борба со вирусот. Попуштање на мерките да биде само во одредени градови и региони е тешко да се препорача, бидејќи од самиот почеток имавме пристап на национално ниво. Попуштањето ќе оди така, изјави министерот за здравство, во гостувањето во „Утрински Брифинг“ на „Слободна ТВ“, Венко Филипче.

– Кога ги димензионираме мерките и сега кога разговараме за нивно олабавување имам предвид дека станува за комплексен систем, а не за црно-бела ситуација кога нешто може да се имплементира, а после да се попушти. Станува збор за комбинација на мерки кои доколку се почитуваат ќе значи и намалување на трансмисијата на вирусот. Ние сме една од првите земји во Европа која препорача носење на заштитни маски, која доколку се почитува имаме сериозна шанса и покрај тоа што ќе препорачаме зголемена слобода на движење и скратување на полицискиот час, ќе имаме една од повеќето мерки која што ќе го спречи ширењето на вирусот.

Околу лажниот мејл кој што се појави деновиве и ги информира граѓаните дека имале контакт со заболено лице, Филипче вели дека во целиот изминат период голем проблем била борбата со лажните вести.

-Тие креираат паника, која го загрозува јавното здравје. Ова е сериозен прекршок и некој не смее да си поигрува.

Околу информацијата за лажните тестови кои се продаваат во една приватна болница, министерот Филипче изјави дека тоа е надвор од ингеренциите на министерството, туку предметот е за ДСЗИ и Агенцијата за лекови.

-Ние како министерство од почетокот набавуваме реагенси за капацитетите на нашите лаборатории. Тоа се реагенси за испитување на вирусот, а не на антителата.

-Сите јавни собири, ќе бидат со посебни протоколи. Тоа што е многу важно е дека со вирусов ќе живееме во целиот период кој е пред нас. Тој нема да исчезне се додека не се измисли вакцината. Но морам да спомнам и дека работата е под контрола и ги очекуваме протоколите и мерките од Комисијата.

Одлично се справивме со кризата. Добро се координиравме и организиравме. Поставивме добра стратегија. Се водевме од бројките и науката. Дијагностициравме таму каде што е потребно. Ги заштитивме капацитетите на болниците. Немавме преполни болници. Ги избегнавме сценаријата од Италија и Шпанија. Сега ги гледаме резултатите од таа стратегија. Опаѓа бројот на заболени, иако имаме мали варијации. И во овој момент имаме стабилна ситуација, добри мерки и доколку граѓаните ги почитуваат се ќе се доведе во нормала. Се координираме и со соседите за начинот на отворањето на границите.

-Апелирав до граѓаните да не се собират масовно, било тоа дали се работи за верски објекти или не. Ова е борба во која учестуваат сите граѓани. Сите граѓани се дел од тимот и на лекари и на здравствени власти со кои што ја биевме оваа битка. Сега сме во одмината фаза на битката. Битно е борбата да продолжи, зошто само така ќе се задржи позитивен тренд и нема да се соочиме со повторно зголемување на бројот на пациенти, изјави за Утрински брифинг, министерот за здравство, Венко Филипче.

Next Post

За прв пат по 23 години извезено свежо јагнешко месо во Јордан

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk