ПРЕМИЕРОТ Спасовски на прес конференција соопшти дека мерките помогнале да се спречи поголемо ширење на корона вирусот, и според анализите има простор за олабавување на некои мерки.
ЗАПРАШАН за снимките од прислушуваните телефонски разговори, Заев рече дека селектирани разговори биле преведувани и објавени, но потенцираше дека сите разговори што СДСМ ги поседувал ги дал исклучиво само на СЈО.
МИНИСТЕРОТ за здравство, Венко Филипче со пост на Фејсбук ја соопшти охрабрувачката статистика дека во 12 градови низ земјава каде имаше регистрирано случаи на корона вирус, заклучно со денес нема веќе активни случаи.
БИТИЌИ: Исходот од последните уредби е затоа што ги слушаме сите чинители и дојдовме до најдоброто решение што можевме да го добиеме. Ние соодветно ќе им се заблагодариме на тие што највеќе се заложија во одговор на кризата и се грижеа секојдневно без воопшто да мислат за својот живот, туку се грижат за секој еден граѓани.
ВЛАДАТА го донесе планот за попуштање на рестриктивните мерки како процес кој ќе се одвива во три фази согласно развојот на епидемиолошката состојба.
СПАСОВСКИ: Врз основа на уредбата донесена од Владата, ако за време на вонредната состојба се стопираат роковите, треба да се има предвид уставната норма, а тоа е дека изборите мора да се одржат во рок од 60 дена од распуштање на Собранието.
КОМЕСАРОТ за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи проценува дека ЕУ и Западен Балкан со зајакнати односи излегуваат од кризата со Ковид-19.
А. Н. Стојчевски