Советникот на премиерот во Владата, Фатмир Битиќи, во гостување во емисијата ТопТема на Телма за преземените мерки, нивната ефикасност и економскиот импакт кој пандемијата го има врз економијата.
Денеска е многу лесно да зборуваме затоа што сега имаме показатели, имаме индикатори како се одвиваше од март па наваму економијата и како се движи сега, и можеме да правиме проекции, пак нема да бидат сто посто точни затоа што не знаеме што нѐ чека, но веројатноста да погрешиме е многу помала.
Во март, кога ги носевме првите мерки и во почеток на април, не знаевме точно со кого сме во војна, не знаевме колкав ќе биде ударот, и затоа проектиравме онолку колку што вистински можеме без да ги загрозиме стабилноста на буџетот и стабилноста на државата, вели советникот Битиќи.
За прв пат оваа држава се наоѓа во ситуација на вонредна состојба во која што треба еден закон преточен од 150 страни да се пропише на две страни. Мислејќи дека е сосема доволно објаснето на начинот како е пропишано, сите ги толкувавме различно, и ние рековме „добро, ќе го слушнеме што е тоа различно“, додава Битиќи.
Исходот од последните уредби е затоа што ги слушаме сите чинители и дојдовме до најдоброто решение што можевме да го добиеме, еден од клучните проблеми е кога сакаме да се споредуваме со други земји, во суштина ние не сакаме да сфатиме дека мерките во секоја земја не знаеме како административно се спроведуваат и забораваме на законските решенија кои што тамy постојат, истакна Битиќи.
А. Н. С.