Во гостување во ТопТема, советникот во Владата, Фатмир Битиќи повика пред сѐ на смиреност и рече дека сѐ уште се работи на стратегии кои ќе помогнат во рестартирање на економијата.
Ние навистина нема да заборавиме ниту една категорија на луѓе за која што е неопходно, и велам ќе биде доволно голем како сет на мерки за да одговори на потребите и сакам овде да упатам на смиреност, ова не е крајот, Владата ќе продолжи да учествува во заживувањето, во реструктуирањето и во рестартот на економијата, рече советникот во Владата, Фатмир Битиќи за ТопТема.
СДСМ како владеачка партија, најголема партија на власт, не лицитира со никого и со достоинството на ниеден граѓанин. Без разлика дали се избори или не, дали внатре во Владата, кое што е колективно тело на одлучување, има несогласувања, ние сакаме да постигнеме консензус за сите прашања, и тоа е реалноста.
Во колективно тело има колективни одлучувања, особено кога имате техничка Влада во која што имате повеќе од два коалициони партнери. Ја имате и опозиција, и сите очекуваме да добиеме одреден поголем процент за следните избори кои што најверојатно ќе се случат, вели Битиќи.