Советникот на премиерот во Владата, Фатмир Битиќи, во емисијата ТопТема за преземените мерки и ефикасноста на политиките на Владата.
Владата во целиот сет на мерки, од првиот сет, вториот и сега третиот сет, се водеше од одредени глобални анализи, во сите глобални истражувања кои што правеа истражувања околу здравствената криза укажуваа дека секоја Влада во нивната национална политика треба да се грижи да обезбеди стабилен здравствен систем затоа што здравството мора да покаже дека знае и умее да се грижи за своите граѓани.
Ние укажавме дека нема цена која што ќе ја платиме, а притоа тие што најмногу ни требаат, а тоа се лекарите да имаат достоинствен живот. Замислете да не донесевме одлука минатата година да им ги покачиме платите на сите здравствени работници оваа година, како они ќе се чувствуваа, вели Битиќи.
Ние соодветно ќе им се заблагодариме на тие што највеќе се заложија во одговор на кризата и се грижеа секојдневно без воопшто да мислат за својот живот, туку се грижат за секој еден граѓанин и мислам дека како соодветна Влада, значи Влада која што е достоинствена и која што верува во своите граѓани соодветно ќе се заблагодари, а како тоа ќе биде за некој ден ќе слушнеме, истакна советникот Битиќи во гостување во ТопТема.
А. Н. С.