Заменичка на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, во емисијата „200“ на Алсат М, за позитивните проекции и малиот пад на БДП во споредба со соседните економии.
Економската криза не е тајна, таа се случува во светот, се случува и кај нас, но може да оцениме дека меѓународните финансиски институции, па и домашните се позитивни во проекциите, што укажува дека падот на приходите е помал од она најдрастично сценарио и дека БДП сепак најмалку ќе падне во нашата држава во споредба со земјите во регионот, истакна Царовска.