Во гостување на Алсат М, вицепремиерката Мила Царовска, го истакна и својот став во врска со најавените избори, условите околу нивно одржување и опозициската улога во одлуките на техничката Влада.
Избори треба да има час поскоро, но важно е да го следиме и здравствениот аспект, во моментот кога ќе има можност и ќе се создадат услови од здравствен аспект да се одржат изборите. Тие треба да се одржат за да може сите институции за функционирање на една демократија да бидат ставени во функција и што подемократиски да се справиме со оваа криза. Исто така е важно и да имаме Влада со политички мандат која што ќе ги донесува одлуките, но и собрание кое што ќе го конторлира истите тие одлуки, вели Царовска.
Мислам дека опозицијата во моментов некако се занимава со тоа дневно политиканство наместо навистина заеднички со владеачката партија да влезе во спроведување на мерките и заеднички да помогне на граѓаните со дневно инфоpмирање, да не заборавиме дека сме и во техничка Влада каде што опозицијата има и свој претставник кој што има голема обврска да ги спроведува мерките, додаде вицепремиерката.