Заменичка на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања и поранешна министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска, во гостување на Алсат телевизија, за почитувањето на мерките и фазите на опуштање на рестрикциите.
Сметам дека како општество воопшто добро се справуваме до сега со целата оваа ситуација, граѓаните почитуваат, но мислам дека и како менталитет граѓаните повеќе ги почитуваа поцврстите мерки, а помалку помеките мерки, но заеднички ја подигаме јавната свест, ние како политичари, вие како новинари и сите останати, вели Царовска.
Ако почнеме да ги ослободуваме сите капацитети, економски, навистина градинките треба полека да се стават во функција, не со полн капацитет, не со бројот на деца кои што предходно сме го имале, но секако со посебни протоколи.
Со првата фаза ќе видиме до каде сме, колку од граѓаните со тоа прво ослободување ќе продолжат да ги користат меките мерки, дали бројот ќе се зголемува или ќе се одржува на доредено ниво или ќе паѓа? И токму затоа комисијата за заразни болести на дневно ниво соопштува на Владата до каде сме ние како држава и со тоа ги преземаме следните чекори, истакна вицепремиерката.