Денеска во Прилеп е регистриран уште еден нов случај на заболен од корона вирус, соопштија од Општината.
Засега нема информација за новоизлекувани пациенти од оваа заразна болест.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 16 лица, од кои 11 се позитивни на корона вирус, а петмина пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив двајца се негативни на корона вирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати.
Во самоизолација се наоѓаат 234 лица;
Во изминатото деноноќие, немало нарушување на полицискиот час.