ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Од утре олабавени мерки – се отвораат моловите, центрите за едукација, автошколите, обложувалниците

Согласно епидемиолошката состојба и одлуката од Комисијата за заразни болести се дозволува отворање на затворените трговски центри со почитување строги правила и протколи. Во моловите се уште нема да биде дозволено примање гости во рестораните и кафулињата освен преку систем за нарачка и достава.

May 12, 2020 18:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата го донесе планот за попуштање на рестриктивните мерки како процес кој ќе се одвива во три фази согласно развојот на епидемиолошката состојба.

Првата фаза е тековно функционирање на стопанските дејности во време на прогласена вонредна состојба и ограничено движење на населението на целата територија на државата со постепено намалување на времето за забрана на движење.

Втората фаза како транзициона фаза е иницијално воспоставување на работните активности со почиттување на препорачани мерките и стриктни протоколи за работа во услови на превенција и спречување на појава и ширење на Ковид-19.

Третата фаза предвидува потполно враќање на редовниот работен процес со почитување на основните мерки за одржување лична хигиена и физичко дистанцирање.

Ова го соопшти премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција во Владата, кој информира дека низ повеќе фази ќе се спроведува намалувањето на рестрикциите во новото секојдневие, а меѓу секоја фаза ќе следи преглед и проценка на актуелната ситуација и одново одлука дали се исполнети условите да се продолжи олабавувањето на мерките во секоја следна фаза.

– Сите следни чекори кон новата нормалност ќе зависат од три критиериуми. Прво дали паднемијата е ставена под контрола, второ дали здравствениот систем е во состојба да се справи со појавување повторно на случаи и трето дали системот за надзор на јавното здравство може да ги открие и да управува со случаите и контактите и да идентификува повторување на случаи, рече Спасовски.

Од утре, појасни Спасовски, ќе почнат да се применуваат мерки со нови протоколи за работа за дејности со помал ризик, и тоа Завод за рехабилитација на слух, говор и глас Скопје, Центри за едукација, обука и семинари за возрасни, организација на седници на органи на управување и конференции, автошколи, автоиспитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови и тенис, спортски и други обложувалници преку шалтер,затворени трговски центри без угостителски објекти.

– Согласно епидемиолошката состојба и одлуката од Комисијата за заразни болести се дозволува отворање на затворените трговски центри со почитување строги правила и протколи. Во моловите се уште нема да биде дозволено примање гости во рестораните и кафулињата освен преку систем за нарачка и достава. Ограничено скратено работно време од 10 до 18 часот со исклучок во недела кога ќе бидат затворени, нагласи Спасовски.

Владата, додаде премиерот, заклучи да се дозволи службено патување надвор од земјата на избрани и именувани лица со почитување на протоколите на Комисијата за одржување потребно растојани, заради координација и други итни причини кои не трпат одлагање.

Дејностите со одржување состаноци, седници, конференции ќе можат да се спроведуваат во ограничено времетраење од најмногу шест часа, со пауза на секои два часа, со ограничен број учесници и задолжително носење заштитна опрема.

Прашан кога може да се очекува отворање на угостителските објекти тој рече дека Владата следната недела ќе го донесе планот за нивно отворање,  но се ќе зависи од епидемиолошката состојбата и почитувањето на мерките. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Војната помеѓу Израел и Иран може да ѝ даде економски поттик на Русија за да ја продолжи агресијата врз Украина

June 16, 2025
Фото: Сектор филм

Започна снимањето на филмот „Потстанар“ во режија на Марко Ѓоковиќ

June 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Од нива до трпеза“ со премиерот Брајан Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk