Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ преку Фејсбук информира дека се работно ангажирани 50 невработени лица од ранливи категории во 11 оштини како даватели на комунални услуги во услови на КОВИД-19.
Шкријељ нагласува дека тие се снабдени со потребната заштитна опрема, а тимовите спроведуваат дезинфекција на јавните објекти и површини, на јавниот превоз и други фреквентни места.
„Активноста е дел од Оперативниот план на активните мерки и програми за вработување при Агенција за вработување и МТСП, во партнерство.“, напиша Шкријељ на Фејсбук.