Во време на глобална пандемија од Ковид -19, и кога јавните собири и групирања во нашата земја се забранети, со цел да се избориме со ширењето на вирусот, на социјалните мрежи се појавуваат настани и протести против полициски час, 5 Г мрежа, мигранти и вакцинирање. Меѓу барателите на ваков протест се и МПЗ Тврдокорни кои креирале ваков настан на Фејсбук. Поточно, станува збор за Драган Угриновски, на чиј Фејсбук профил пишува дека е претседел на ТЛЗ Тврдокорни. Настанот е објавен кога на сила се забраните за собири и групирања кои можат да доведат до влошување на состојбата со борбата против корона вирусот и кога стотици медициснки лица се обидуваат неуморно да ја доведат во контрола состојбата, невраќајќи се дома со денови.
Во описот на настанот пишува, „со возила се трга од сајмиште во 12:30. Пристигање во 13:00 пред Влада. Се чита протестно писмо и се продолжува по улиците на Скопје“. Настанот можете да го погледнете на следниот линк.
Угриновски напишал и дека го пријавил протестот за сабота во 13.00 часот во МВР, но и дека веднаш добил покана за службен разговор.
Непосредно пред овој повик, на социјалните мрежи се појави и друг настан, протест кој е планиран за в недела.
„Сите ние кои сметаме дека ова треба да заврши, сите ние кои сме свесни“ е мотото на група луѓе кои за в сабота, на 16. мај, најавуваат протест против полицискиот час пред Влада. Според информациите на настанот организиран на Фејсбук, протестот е планиран од 12 до 14 часот. Настанот може да го погледнете на следниот линк.
Од објавата на настанот како иницијатори на истиот се наведени извесни Емилија Богатинова и Мариго Исеини, а дури 160 ФБ корисници го потврдиле своето присуство.
Поради опасноста од ширење на Ковид 19, дел од препораките на Владата се да нема собири и групирање на повеќе од две лица на отворено.
И покрај мерките и препораките, граѓан(к)и објавиле дека ќе одат на настанот во сабота, иако помногубројни се таквите кои велат дека ова е Протест на глупавоста и дека покрај себе си, ќе ги загрозат животите на најмилите, околината, а ќе им наштетат на работата на оние кои со месеци се на првата борбена линија, лекари, медициски персонал, полиција, продавачи и други работни профили на граѓани на чии плеќи е корона-кризата.
„Да се протестира и против тие што не се бањаат, им смрдат чорапите и јадат лук од сабајле. Да се протестира против неписменоста. Да се протестира и против глупавоста, која за жал не се лечи.
Да се протестира дека треба да се протестира. Да се протестира… Тато забораив…“, напиша актерот Драган Спасов Дац на својот Фејсбук профил.
И. Т. Зафировска