ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тврдокорните на протест против полициски час и 5 Г – се бара протест против глупавост и неписменост

May 12, 2020 14:59
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во време на глобална пандемија од Ковид -19, и кога јавните собири и групирања во нашата земја се забранети, со цел да се избориме со  ширењето на вирусот, на социјалните мрежи се појавуваат настани и протести против полициски час, 5 Г мрежа, мигранти и вакцинирање.  Меѓу барателите на ваков протест се и МПЗ Тврдокорни кои креирале ваков настан на Фејсбук. Поточно, станува збор за Драган Угриновски, на чиј Фејсбук профил пишува дека е претседел на ТЛЗ Тврдокорни. Настанот е објавен кога на сила се забраните за собири и групирања кои можат да доведат до влошување на состојбата со борбата против корона вирусот и кога стотици медициснки лица се обидуваат неуморно  да ја доведат во контрола состојбата, невраќајќи се дома со денови.

Во описот на настанот пишува, „со возила се трга од сајмиште во 12:30. Пристигање во 13:00 пред Влада. Се чита протестно писмо и се продолжува по улиците на Скопје“. Настанот можете да го погледнете на следниот линк.

 

Угриновски напишал и дека го пријавил протестот за сабота во 13.00 часот во МВР, но и дека веднаш добил покана за службен разговор.

Непосредно пред овој повик, на социјалните мрежи се појави и друг настан, протест кој е планиран за в недела.

„Сите ние кои сметаме дека ова треба да заврши, сите ние кои сме свесни“ е мотото на група луѓе кои за в сабота, на 16. мај, најавуваат протест против полицискиот час пред Влада.  Според информациите на настанот организиран на Фејсбук, протестот е планиран од 12 до 14 часот. Настанот може да го погледнете на следниот линк.

Од објавата на настанот како иницијатори на истиот се наведени извесни Емилија Богатинова и Мариго Исеини, а дури 160 ФБ корисници го потврдиле своето присуство.

Поради опасноста од ширење на Ковид 19, дел од препораките на Владата се да нема собири и групирање на повеќе од две лица на отворено.

И покрај мерките и препораките, граѓан(к)и објавиле дека ќе одат на настанот во сабота, иако помногубројни се таквите кои велат дека ова е Протест на глупавоста и дека покрај себе си, ќе ги загрозат животите на најмилите, околината, а ќе им наштетат на работата на оние кои со месеци се на првата борбена линија, лекари, медициски персонал, полиција, продавачи и други работни профили на граѓани на чии плеќи е корона-кризата.

„Да се протестира и против тие што не се бањаат, им смрдат чорапите и јадат лук од сабајле. Да се протестира против неписменоста. Да се протестира и против глупавоста, која за жал не се лечи.
Да се протестира дека треба да се протестира. Да се протестира… Тато забораив…“, напиша актерот Драган Спасов Дац на својот Фејсбук профил. 

И. Т. Зафировска

Next Post

Лидерска средба: Нема конкретен датум за избори, ќе се чека мислење од Комисијата за заразни болести

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk