Фејсбук ја информира јавноста за драстично зголемениот број на отстранети постови што промовираат насилство и говор на омраза, што сега се должи на подобрувањата во технологијата за автоматско препознавање на текст и слика, известува „Гардијан“.
Еден од најголемите социјални медиуми, Фејсбук, тврди дека во првиот квартал од годината отстранети се околу 4,7 милиони објави поврзани со организирани групи кои промовираат омраза, споредено со 1,6 милиони што биле отстранети во претходниот квартал.
Исто така, Фејсбук соопшти дека во првиот квартал биле отстранети 9,6 милиони објави на Фејсбук што содржеле говор на омраза, наспроти 5,7 милиони во последниот квартал лани.
Фејсбук ги објави податоците како дел од својот петти Извештај за имплементација на стандардите на заедницата, што го воведе како одговор на критиките за слабиот надзор на своите платформи./МИА/