Приватен автобус за јавен превоз се запали изутринава на автобуското стојалиште под Железничката станица во Скопје.
Автобусот го гасат дестина пожаникари со две возила.
Командирот на пожарникарската чета, Борче Менковски за МИА изјави дека автобусот се запалил додека бил паркиран на постојката и во него немало патници.
Нема повредени лица. Според првичните сознанија, причината за пожарот најверојатно е проблем со електриката на автобусот./МИА/