ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Николовски: Мицкоски инсистираше на теренска кампања, не е точно дека само Заев бил за избори во јуни или јули

Нема да дозволиме еден неспремен и некадарен политичар како Мицкоски да ја попречува новата нормалност, да одолговлекува функционалност на институциите и да спречува создавање услови за целосен одговор на кризата, особено економски.

May 13, 2020 10:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз, Љупчо Николовски, со пост на Фејсбук за вчерашната лидерска средба, целосната поддршка и довербата на сите политички субјекти кон Комисијата за заразни болести, дискусијата за условите за избори и за ставовите на опозицијата во врска со изборната кампања.

Вчера, на лидерскатата средба, сите политички партии изразија целосна и недвосмислена доверба во Комисијата за заразни болести, во епидемиолозите и во Владата за начинот на справувањето со кризата (и покрај тоа што Мицкоски имал првична идеја да ја партизира ова стручна комисија, за што подоцна се премислил и повлекол).

Стручноста и одговорноста во справувањето со кризата добија целосна верификација, тоа е многу важно. Никој веќе нивните ставови не може да ги доведува под прашање. Тие се водилка за сите и за се.

Зоран Заев беше прв на лидерската средба што целосно јасно со детално разработени факти ги отвори сите аргументи за очекувањата во здравствениот аспект и економските последици, за потребата од избор на институции со полн легитимитет даден од граѓаните во првиот можен рок, за условите и роковите (за завршување на ажурирањето, дополнителниот јавен увид и проверки, па сѐ до печатење на изборниот материјал). Одговорно однесување значи сите овие аспекти да се разгледаат, за да може да продолжат сите изборни дејствија онаму каде што запреа.

Зоран Заев ги отвори и сите датуми кои се можни како опции за спроведување избори во јуни или почеток на јули, на што немаше спротиставување од ниту еден од присутните. Мицкоски не се спротистави да се разговара за можните датуми, иако денес преку куририте брифираат лаги дека само Заев бил за избори.

Христијан Мицкоски на средбата немаше никаков детален план, ниту за здравството, ниту за економијата, како што тоа го најавуваа познатите опозициски портали. Тој имаше план само за една своја лична цел – да бега од темата за избори, наметнувајќи други теми на состанокот.

Се обидуваше да ја вмешува ДИК како можна пречка за спроведување на изборите, потоа ги спомнуваше и ОБСЕ и нивните можности за мониторирање, но сите евтини трикови му беа веднаш одбиени – ДИК е институција која има задача да спроведува избори, а не да дава мислења и совети, а ОБСЕ е сериозна меѓународна организација која најпрофесионално ќе одговори на потребата од набљудување на изборите во земјава, се разбира откако ние како држава ќе ги известиме за датумот на изборите.

Кога виде дека бегството не му успева, почна да бара претседателот на Владата да му гарантирал дека ќе можел да тера теренска кампања со некакви митинзи и дека немало веќе да има новозаболени и новопочинати од коронавирус. Во еден момент си помислив дека ќе побара од власта и програмата да му ја напише, оти нели се жалеше дека немал време да спреми програма за претстојните избори 🙂

Од сѐ ова, едно е јасно. Следната недела бегање нема. Ќе ја чуеме Комисијата и сите ќе се построиме според нивните правила, протоколи и препораки. И нема да дозволиме еден неспремен и некадарен политичар како Мицкоски да ја попречува новата нормалност, да одолговлекува функционалност на институциите во земјава и да спречува создавање услови за целосен одговор, особено економски одговор, на кризата.

Избори мора да има заради здравјето на граѓаните, заради новата економија за која се подготвуваме, заради институциите кои им служат на граѓаните и заради новата нормалност која мораме веќе да ја гледаме како можност, а не како пречка, напиша Николовски во пост на Фејсбук.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk