„Продолжуваме со поддршката за старите лица во услови на КОВИД-19!
170 невработени лица кои досега испорачуваа услуги за околу 1500 стари лица низ 26 општини го продолжуваат својот ангажман и во текот на месец мај. Повеќе информации за типот на услуги од секоја општина може да најдете на www.pomagame.mk“, пишува дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ на Фејсбук.
Шкријељ истакнува дека оваа активност се спроведува како продолжување на Програмата Општинско – корисна работа на МТСП и Агенцијата за вработување, реализирана во партнерство со UNDP MK, локалните самоуправи, а со поддршка на Швајцарската амбасада.