ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Богоев: Големиот парк во Карпош е во напредна фаза

May 14, 2020 15:54
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Интензивно се работи на подигнување на нови зелени површини, при што се поставуваат и системи за наводнување. Во изминативе две години, засадени се 1.560 м2 нови тревни површини и 643 висококвалитетни дрвја во Карпош.

Добро е што активностите во сферата на заштита на животната средина продолжуваат да се реализираат и покрај пандемијата со Covid – 19, истакна градоначалникот Стефан Богоев, на денешната е – конференција, во организација на Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој (CeProSARD), во рамки на проектот „Чиста енергија за чист воздух“.

Покрај тековното зголемување на зеленилото, Општината интензивно работи и  на два паркови кои ќе претставуваат една целина, од Алпинистичката карпа до бунарите на р.Лепенец. Тука ќе се добие Спортско – адреналински парк, а децениските депонии веќе се минато:

– Целосно го израмнивме и теренот кај бунарите на р.Лепенец, заедно со градските јавни претрпијатија. Добиваме нов парк на повеќе од 60.000 м2, добиваме ново белодробно крило за Карпош и Скопје, рече Богоев.

Градоначалникот говореше и за други активности кои Општината ги реализира во областа на екологијата.

И покрај фактот што се исцрпија субвенциите за велосипеди и електрични тротинети, локалната самоуправа ќе ја разгледа можноста, при ребаланс на Буџетот, пред Советот, да се предложи уште една серија на субвенционирање на овие алтернативни превозни средства. Сепак, ребалансот е процес кој може да се направи во нормализирани услови, а не во време на вонредна состојба или предизборен период.

На online конференцијата, еден од говорниците беше и Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и просторно планирање. Токму со поддршка од оваа институција се постави ново зеленило и систем за наводнување во училиштето „Војдан Чернодрински“ (на Млечен), а ќе се продолжи со уредување на училишните дворови и на „Петар Поп Арсов“ (Карпош 4) и „Христијан Тодоровски – Карпош“ (Карпош1).

На самиот крај, тој ја истакна и важноста од соработката со граѓанските организации, кои работат со младите, од градинките, основните и средни училишта. Системски промени ќе имаме само ако работиме со новите генерации, со најмладите.

Next Post

Пердуви летаат околу тронот на Мицкоски

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk