ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

(ВИДЕО) Авто школите почнаа со заштитните протоколи: Владината одлука нè спаси!

Од Авто-школата „Моменто" во Тетово ја поздравуваат владината одлука и тврдат дека Владата ги спаси од поголема криза која би можела да ги зафати. Благодарни што можат пак да работат и да делат плати, Мејрем Бакиу, изјави дека од сега натаму нивна одговорност ќе биде здравјето на кандидатите и вработените.

May 15, 2020 10:53
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Инструкторите ги дизенвицираа рацете и колите, ставија маски и ракавици. Истиот протокол го следеа и кандидатите кои полагаат за возачка дозвола. Вака почнаа првите часови на авто школите во земјава, а во едната од нив сведок беше екипата на Фронтлајн и од блиску следевме како почнува еден час на обука според новиот протокол од Министерството за здравство.

Од Авто-школата „Моменто” во Тетово ја поздравуваат владината одлука и тврдат дека Владата ги спаси од поголема криза која би можела да ги зафати. Благодарни што можат пак да работат и да делат плати, Мејрем Бакиу, изјави дека од сега натаму нивна одговорност ќе биде здравјето на кандидатите и вработените.

„Авто-школата Моменто ја поздравува одлуката на Владата за почеток со работа бидејќи ова беше повеќе од потребно за текот и продолжувањето на работата и активностите кои беа прекинати заради пандемијата. Барањата за полагање беа големи и ситуацијата преставуваше сериозен проблем во спречување на поголемите последици ако продолжеше и понатаму”, вели директорката Бакиу.

Таа рече дека ги добиле протоколите од Владата и на време се преземени сите мерки за работа по истиот, а најважно, за заштита на здравјето на вработените и кандидатите. Дизенфекцијата на просториите, колите и лицата како и заштитни маски и ракавици се веќе новото секојдневие во овој центар за обука на новите возачи.

„Ќе работиме на тој начин што на теоретските предавања кандидатите ќе држат дистанца од 2 метра. На практични часови и кандидатите и инструкторите носат ракавици, маски, дизенфекциски средства и по секој час се дизенфицира колата”, изјави Мејрем Бакиу, директорката на авто школата „Моменто“, кои вчера ги отворија канцелариите а од денеска веќе почнаа и со обука на кандидатите. Таа тврди дека здравјето на кандидатите ќе биди нивни приоритет, а протоколот ќе го почитуваат се додека одлуката е на сила.

А. Зеќири

видео-монтажа: А. Мехмети

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кошта од Тирана: Албанија би можела да биде во европското семејство дури и пред 2030 година

May 15, 2025
Белград (Фото: Rade Dr. / Pixabay)

Српски функционер призна дека фалсификувал документ за плац што го сака зетот на Трамп

May 15, 2025

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk