ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

12: Донесен ребалансот на Буџетот за 2020, ЦИВИЛ го засилува изборниот мониторинг, Исплатени 14,3 милиони евра преку мерката „14.500 денари по вработен“…

Преглед на настаните на пладне

May 15, 2020 11:03
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ВЛАДАТА на својата вчерашна, 52-ра седница, ја донесе Уредбата со законска сила за изменување и дополнување, односно за ребаланс на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година.

ЦИВИЛ соопштува дека донесе одлука од денеска да го засили изборниот мониторинг.

ИСТРАЖУВАЊЕ на МЕТА: Полицискиот час покажува колку сообраќајот навистина влијае врз аерозагадувањето во Скопје.

МИНИСТЕРСТВОТО за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е продолжен рокот на важност на патните исправи и возачките дозволи чиј рок на важност е истечен во периодот на вонредната состојба и тие важат до 31 јули 2020 година.

СЕ продолжува рокот во кој банките и штедилниците можат да ги променат договорните услови на кредитните изложености на правните и физичките лица за 90 дена по престанок на траењето на вонредната сотојба.

ПРЕКУ мерката 14.500 денари по вработен исплатени се над 14,3 милиони евра на 10.103 фирми, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.

ИНСТИТУТОТ за јавно здравје спроведува Анкетен прашалник: Увид во однесувањето за КОВИД-19, со цел да се подобрат дејствијата преземени како одговор на пандемијата на коронавирусот.

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДМПНЕ прават се да создадат политичка криза, но од изборен пораз нема да се спасат.

ЗАПРЕНО е извршувањето на уредбата со која за малолетните и за пензионерите имаше посебен полициски час, за разлика од останатите граѓани.

АВТОШКОЛИТЕ почнаа со заштитните протоколи: Владината одлука нè спаси!

МИНИСТЕРСТВОТО за култура соопшти дека од 15 мај до 15 јуни 2020 е отворен Конкурсот за доделување на државната награда „22 Ноември” за 2020 година со која им се оддава признание на луѓе од политичкиот, културниот општествениот живот во Република Северна Македонија.

ЛИЦЕТО кое се водеше како исчезнато од 13 мај е пронајдено во провалија на местото Тумбе кафе во Битола.

НА Јутјуб каналот на Драмскиот театар Скопје вечерва со почеток во 20 часот ќе се емитува преставата „Огнени јазици“ од Горан Стефановски во режија на Слободан Унковски, соопшти Драмскиот театар.

ВО пресрет на Денот на ромскиот отпор во Аушвиц – 16 Мај, Ромската асоцијација за жени и млади „Лулуди“ денеска од 16 часот ќе организира онлајн-предавање на тема „16 Мај – жените и нивната улога во нацистичките кампови“.

ЗДРУЖЕНИЕТО на граѓани „Младите можат“ денеска официјално ќе ја пушти во употреба дигиталната платформа Временска банка која им помага на членовите на заедницата меѓусебно да ги споделуваат работите што уживаат да ги прават, притоа како ресурс користејќи го времето наместо пари.

СО централна тема и состаноци прилагодени на моменталната ситуација поради пандемијата со Ковид-19, Грција денеска го презема претседателството со Советот на Европа.

НОВИОТ корона вирус влезе во најголемиот бегалски камп во светот, Кокс базар во Бангладеш, откако заболе еден Рохинџи бегалец од Мјанмар.

НАЈКВАЛИФИКУВАНИТЕ американски лекари исчезнаа од екраните на американските национални телевизии во време кога Белата куќа спроведува засилена контрола на комуникациите поради пандемијата на коронавирусот и се обидува да ја убеди јавноста во оправданоста за брзо рестартирање на американската економија, јави Си Ен Ен.

И.Е.
Next Post

Почна состанокот на ЦЕИ, земјите се координираат за олеснителните ограничувања

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk