ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Донесен ребалансот на Буџетот за 2020

May 15, 2020 10:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на својата вчерашна, 52-ра седница, ја донесе Уредбата со законска сила за изменување и дополнување, односно за ребаланс на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година.

Владата вчера ја усвои Одлуката за максимален износ на ново задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал – еврообврзници на Република Северна Македонија.

„Имајќи ги предвид сите предизвици кои произлегоа по прогласената пандемија на КОВИД-19 на светско ниво од страна на Светската здравствена организација, мерките за заштита и рестрикција на движење кои ги преземаат државите, а особено нејзиното влијание на пазарите на капитал, Министерството за финансии предложи, а Владата прифати, финансирањето со издавање на еврообврзници, кои ќе ја поддржат ликвидноста на државата во време на пандемија, намалената економска активност, преземените мерки за заштита на економијата и работните места на граѓаните, како и зголемените трошоци во секторот здравство. Предложениот максимален износ на новото задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал – еврообврзница во износ до 800 милиони евра ќе обезбеди финансиски средства за буџетска поддршка на Република Северна Македонија во 2020 и 2021 година и за рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на отплата на државниот долг на Република Северна Македонија.“, пренесуваат од Владата.

На вчерашната седница се донесени и измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето во вонредна состојба со која забраната за движење од 19:00 до 05:00 часот сега важи за сите граѓани, вклучувајќи ги и лицата над 67 години, како и децата и младите до 18 години.

Владата донесе изменување на Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците. Со Уредбата се предвидува продолжување на рокот во кој банките и штедилниците можат да ги променат договорните услови на кредитните изложености на должниците – правни и физички лица и тоа за 90 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.

Исто така, беше донесена и Уредба со законска сила за изменување на Уредбата за примена на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити за време на вонредна состојба, со која се овозможува и во наредните 90 дена висината на трошоците кои не се вклучени во пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци, да не надминува 30 проценти од износот на одобрениот кредит.

Владата донесе и дополнување на Уредбата за носење лична заштита заради спречување на ширењето на коронавирусот. Со измената, се проширува вршењето надзор врз спроведувањето на оваа мерка, за што овластувања добиваат и Државниот комунален инспекторат, општинските комунални инспектори и комуналните редари.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

Грција денеска го презема претседателството во Советот на Европа

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk