ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сугарески: Барам да се чешла секоја точка и запирка од постапката за продажба на земјиштето кај „Холидеј Ин“

Нема да дозволам да се стави ниту една дамка на мојот мандат како Министер за транспорт и врски. Ги охрабрувам институциите во најкраток можен рок да ги испитаат и расчистат сите околности во врска со овој предмет. Барам да се чешла секоја запирка и точка од постапката за продажба. Се е спроведено законски, има позитивно мислење од Државното Правобранителство и целокупната документација беше на слободен увид на сите заинтересирани медиуми и новинари.

May 15, 2020 20:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Гледам дека повторно се актуелизира прашањето на легалноста и законитоста на постапката за продажбата на градежните парцели кај “Холидеј Ин”, заради дооформување.

Должен сум уште еднаш да потенцирам неколку работи:

Прво, јас не сум криминалец и нема да дозволам да се стави ниту една дамка на мојот мандат како Министер за транспорт и врски. Ги охрабрувам институциите во најкраток можен рок да ги испитаат и расчистат сите околности во врска со овој предмет. Барам да се чешла секоја запирка и точка од постапката за продажба. Се е спроведено законски, има позитивно мислење од Државното Правобранителство и целокупната документација беше на слободен увид на сите заинтересирани медиуми и новинари.
100% транспарентност и отчетност!

Второ, добивме уште една потврда за силниот демократски капацитет на СДСМ. Ова што денес го прави Антикорупциската комисија беше незамисливо за време на режимот од 2006-2016.

Трето, дали и што ќе се гради на парцелите кај “Холидеј Ин” не е и не може да биде надлежност на Министерството за транспорт и врски, туку на општината Центар која одлучува за висината, ширината и големината на објектите кои ќе се градат. Колку што знам ДУП-от за овој дел од Центар е донесен во 2012 кога ДПМНЕ беше власт и на локално и на централно ниво. Конечно, пред претседателката и членовите на ДКСК, јас и мојот тим ја доставивме целата документација и одговоривме на сите прашања.

Не прифаќам и не се согласувам со пристапот да се прават медиумски сензации и да се оцрнуваат јавни функционери без никаков правен основ. Едно е да се утврдат неправилности и незаконски постапки, а сосема е друго да се оценува целисходноста на одредени законски решенија. Ние решаваме предмети согласно постоечките позитивни законски прописи, а не врз основа на лични уверувања и претпоставени идни законски измени. Доколку не е така, ќе беше самовластие! Благодарам на граѓаните кои со денешните пораки потврдуваат дека препознаваат чесна и посветена работа. Тоа ме охрабрува и ми дава сила и понатаму со истата жар да им служам и да ги решавам проблемите!

Фејсбук пост на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески

Next Post

21: Се бара начин со Уредба да се намалат платите на функционерите, пожар во Вејце, над 4 ипол милиони заразени во светот...

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk