ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

21: Се бара начин со Уредба да се намалат платите на функционерите, пожар во Вејце, над 4 ипол милиони заразени во светот…

Блок вести во 21,00 часот.

May 15, 2020 21:07
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

МИНИСТЕРОТ за здравство Венко Филипче денеска во Атина оствари средба со неговиот грчки колега Василис Кикилиас на која разменија искуства за пристапот во лекување и превенција од ширење на корона вирусот, како и предизвиците со кои се соочуваат двете земји за време на пандемијата, информираат од Министерството за здравство.

МИНИСТЕРСТВОТО за труд и социјална политика излезе со соопштение како реакција на одлуката на Уставниот суд за укинувањето на Законот за заштита и спречување на дискриминација.

Во ГОСТУВАЊЕ во емисијата Евро Фокус на Телма телевизија, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, истакна дека во државата имаме електронски регистар на население, како и платформа за достава на електронски услуги на граѓаните.

МАНЧЕВСКИ: Ние донесовме одлука за намалување на платите на избрани и именувани функционери на минимална плата. Уставниот суд донесе Одлука со која што ја укина оваа Уредба. Од свои лични и себични побуди заради своите плати, Уставниот суд реши дека избраните и именуваните функционери не треба да имаат намалување на платите.

ПЕНДАРОВСКИ: Датумот за избори не е моја работа, јас сум само медијатор во тој процес. Целта е да се постигне консензус.

СУГАРЕСКИ: Гледам дека повторно се актуелизира прашањето на легалноста и законитоста на продажбата на градежните парцели кај Холидеј Ин. Ги охрабрувам институциите во најкраток можен рок да ги испитаат и расчистат сите околности во врска со овој предмет. Барам да се чешла секоја запирка и точка од постапката за продажба.

ПОПЛАДНЕВО, пет објекти изгореа во тетовското село Вејце, а за две лица интервенирала и брзата помош, бидејќи се задушувале од густиот чад. Едно лице е задржано во тетовската болница за понатамошно лекување, се вели во текст на 360 Степени.

РУСКИОТ бизнисмен Сергеј Самсоненко, по напуштањето на ракометниот, од денеска повеќе не е дел и од фудбалскиот клуб Вардар.

СПОРЕД најновите податоци, во светот со корона вирус досега се заразиле 4.584.012 лица. Од нив починале 305.786, а оздравеле 1.735.836 луѓе.

А. Н. Стојчевски

Next Post

Манчевски: Електронски рецепт за хронични болни, можност и друго лице да го подигне лекот

Најново

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk